Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова е љубов: кучето 13 часа го греело планинарот со телото, не мрдало ни кога пристигнале спасувачите

Пријателството и љубовта на најдобар начин ги докажа верното куче Норт, кое се лизна по падината на Велебит заедно со млад планинар, кој во таа прилика беше повреден. Норт го греел планинарот со телото 13 часа, додека не пристигнале спасувачите, соопшти Хрватската планинска спасувачка служба.

Спасувачката акција траела речиси девет часа, бидејќи планинарот и кучето Норт биле на крајно непристапен терен. Во акцијата учествуваа 27 спасувачи, чија акција беше отежната од снег, мраз, одрони и искршени дрвја кои ги блокираа патеките.

Од планинската спасувачка служба соопштија дека планинарот го предале на екипа на Итна медицинска помош.

Спасувачите ја посветија објавата на Твитер на лојалноста на Норт, кој цело време беше со својот пријател, нагласувајќи дека пријателството и љубовта меѓу човек и куче не познаваат граници.

„Поради низа несреќни околности вчера попладне заедно се лизнаа по падината. Заедно во среќни и тешки моменти таков е животот. Норт поминал без повреди, но неговиот пријател, млад планинар, немал толку среќа. Тој се свиткал до него и го стопли со телото.„Неговата лојалност не заврши со доаѓањето на спасувачите, тој беше еден од нас кој го чуваше својот човек цели 13 часа. Од овој пример сите можеме да научиме за грижата еден за друг“, напишаа HGSS.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!