Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова се новите услови за влез во Црна Гора: Од денес стапија на сила заострени мерки, еве што треба да се покаже на граница

Од денеска се заострени условите за влез во Црна Гора поради епидемиската состојба.

Влезот е возможен со потврда за вакцинација или доказ дека лицето било заразено со Ковид со задолжителен негативен PCR или антигенски тест.

Црногорските државјани и странците можат да влезат во земјата преку сите гранични премини со еден од двата докази: ковид сертификат – дека лицето е целосно вакцинирано со пропишаниот број дози на вакцина против коронавирус и дека не поминале повеќе од шест месеци од втората доза.

Влезот е возможен со доказ дека лицето прележало ковид-19, дека поминале не помалку од 10 дена и не поминале повеќе од 180 дена од позитивен PCR или брз антиген тест.

„Во двата случаи, лицето мора да има или негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или брз антиген тест кој не е постар од 48 часа. Тоа значи дека веќе не може да се влезе во Црна Гора само со негативен тест. “, соопшти Министерството за здравство.

Влезот во земјата без овие докази е можен, но со утврдување на самоизолација од 10 дена, која може да се прекине најрано по три дена по негативен ПЦР тест.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!