Вие имате прво да ја знаете вистината

Оскаровецот Кевин Спејси лумпувал во Загреб на песни на Северина, мешал водка и шампањ (фото)

Познатиот холивудски актер Кевин Спејси престојува во Хрватска, а таму ја пречека новата 2022 година.

Доаѓањето на Новата 2022 година, Спејси радосно го пречека во познатиот загрепски клуб Минт во друштво на неговиот менаџер Јуан Ловенштајн , режисерот Јаков Седлар , неговиот син Доминик и продуцентот Фран Јурај Прижмиќ и беа изолирани во ВИП сепариња и под будното око на двајца чувари. Тие исто така беа послужени со вечера во Минт, а потоа уживаа во вотка и шампањ.

Менаџерот Едвин Софтиќ во свои сториња на Инстаграм објави неколку видеа од забава. Спејси бил дотеран, во бела кошула над која носел црвена маичка со темно сина јакна и панталони.

Актерот беше многу добро расположен во текот на целата вечер и во негово друштво ги одбројуваше последните минути од 2021 година, а потоа танцуваше на песната на Северина, Италијана.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!