Вие имате прво да ја знаете вистината

Откако испил една виагра, Италијан стар 80 години ја убил својата сопруга бидејќи не сакала да има секс со него

Италијанецот Вито Канџини е обвинет дека ја убил својата сопруга Наталија Киричок (61) затоа што одбила да има секс со него, откако на 25 декември тој испил пилула вијагра додека бил дома во Фанано ди Градари, на истокот на земјата.

Одбивањето на Наталија предизвикало жестока кавга, а Вито во моментите на кавга ја обвинил две децении помладата сопруга дека го изневерува со други мажи и дека најверојатно имала врска со шефот на работа.

Кулминацијата на расправијата била достигната во моментот кога старецот земал нож и ја нападнал сопругата која не можела да се одбрани нанесувајќи и фатални повреди.

По убиството го оставил телото на подот во локва крв, а тој спиел, пренесува Daily Mail.

Следното утро, според медиумите, појадувал, излегол да го прошета кучето и се вратил дома како ништо да не се случило.

Во попладневните часови, тој наводно уште еднаш го прошетал кучето, пред да се јави во ресторанот во кој неговата сопруга работела како готвачка две години и да му каже на сопственикот дека никогаш повеќе нема да ја види.

Знам дека нешто се случило меѓу вас двајца. Нема да има повеќе, наводно му рекол Канџини на сопственикот.

Човекот кој го примил повикот сфатил дека Канџини кажува неповрзани работи и веднаш повикал полиција, која го посетила домот на осомничениот.

Полицијата во куќата го пронашла безживотното тело на Наталија Киричок со четири убодни рани, од кои едната во срцето.

Канџини е приведен, а на лице место е пронајдено ладно оружје со кое е извршено убиството.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!