Вие имате прво да ја знаете вистината

Познатата пливачка откри: Татко ми ме малтретираше физички, психички и сексуално!

Двократната олимписка натпреварувачка во пливање, унгарката Лилијана Силаџи (25) ја шокираше земјата, но и целиот регион со исповед за монструозното малтретирање од страна на нејзиниот татко.

Унгарската јавност во саботата ја дозна шокантната вистина која Силаџи ја објави на својот Инстаграм профил.

– Бев малтретирана. По 25 години, подготвена сум да ги кажам најтешките зборови што сум ги кажала. После толкава болка и борба, станувам и колку што знам дека ова е тема која предизвикува екстремни поделби, ќе зборувам за тоа затоа што е неопходно – ја започна својата исповед Лилијана со објава на Инстаграм.

Во следниот пасус таа го откри идентитетот на насилникот и силувачот – нејзиниот татко.

-Имено, од човекот од кој требаше да добијам најголема љубов и прифаќање. Татко ми (ме злоставуваше). Физички. Ментално. Сексуално. Уште од мала. Постојано и непредвидливо, само за да ужива во неговата моќ над мене. Без разлика дали се работи за физичко казнување, заплашување, лишување од љубов и внимание или сексуална злоупотреба – пишува Лилијана.

Золтан Силаџи (54), нејзиниот татко, исто така е пливач, поранешен олимпиец, кој трипати ја претставувал Унгарија на Олимпијадата. Денес е адвокат.

Во истата објава Лилијана откри дека таа не била единствената жртва на нејзиниот татко, туку, како што наведува, горе-долу ист тип на малтретирање претрпела и нејзината мајка. Со години.

Од 2016 година, злото престана. Таа и нејзината мајка го напуштија Золтан.

– Ова е целата моја борба сега, јас и мајка ми се опоравуваме една до друга и се поддржуваме – додава на крајот.

Во меѓувреме се огласи и Золтан кој испрати отворено писмо до унгарските медиуми адресирано до Лилијана во кое вели дека не сака да се брани преку медиумите, додавајќи дека очекува се да се расчисти во кривичната постапка. Вели и дека повеќе не ја издржува финансиски ниту Лилијана, ниту нејзината мајка и бара од Лилијана повеќе да не го користи неговото презиме, туку презимето на мајка и.

По шокантното признание на Лилијана се огласи и Пливачката федерација на Унгарија, а претседателот на организацијата, Шандор Владар, најави покренување истрага за утврдување на фактите од најавата на пливачката.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!