Вие имате прво да ја знаете вистината

Редок феномен снимен на Далечниот Исток на Русија: Погледајте како изгледа кога морето ќе почне да “врие“ (ВИДЕО)

Жител на регионот Сахалин успеал да го сними овој необичен феномен со помош на дрон

Редок природен феномен е забележан во градот Корсаков во областа Сахалин на рускиот Далечен Исток, густата магла која утрово се издигна од водата ги „проголта“ градското пристаниште и морето.

Овој необичен феномен успеал да го сними жител на регионот Сахалин со помош на дрон.

Морето врие. Корсаков, напиша авторот на видеото во објава на Телеграм.

Ефектот на „вриење“ на морето може да се појави поради разликата во температурата помеѓу воздухот и водата. Според податоците на метеоролошките служби, на 1 јануари во Корсаково била минус 14 Целзиусови степени. Од друга страна, температурата на водата во тој град ретко се спушта под нулата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!