Вие имате прво да ја знаете вистината

Руски хокеари направија хаос на аеродромот, полицијата ги исфрли од авионот, пушеа и не носеа маски

Збогувањето со старата година во авионот кој летал од Калгари до Франкфурт се претвори за патниците во ноќна мора.

Летот доцнел дури три часа, бидејќи канадската полиција морала да интервенира поради несоодветното однесување на руските хокеари кои наводно пушеле и одбивале да носат заштитни маски.

Членовите на рускиот и чешкиот јуниорски хокеарски тим беа исфрлени од авион кој летал од Калгари за Франкфурт, кога полицијата пристигнала на аеродромот околу 18 часот во петокот, по пријави на инцидент во авион на Ер Канада. Во соопштението не е наведено кој го предизвикал инцидентот и дали се случило апсење.

Хокеарите се враќаа во татковината по Светското првенство во хокеј за јуниори, кое на крајот беше откажано поради ковид-19.

Рускиот селектор Сергеј Зубов за рускиот весник Известија изјави дека репрезентациите на Русија и Чешка биле исфрлени од авионот затоа што не носеле заштитни маски.

Чешкиот селектор Отакар Черни за чешките медиуми изјави дека неговиот тим бил исфрлен заедно со Русите само затоа што сите носеле многу слични сиви маици.

Излегува дека тоа е единствената причина зошто се избркани. Нашите хокеари не направија никакви проблеми. Не ставија во ист кош со Русите и ни рекоа дека не можеме да се качиме во авионот, изјави тој за чешките медиуми.

Претставниците на Ер Канада ни се извинија и ни организираа хотел на нивна сметка и лет за Франкфурт истиот ден подоцна. Не уверија и дека нема да бидеме во ист авион со руските хокеари, рече тој.

Еоин Кени, кој беше во бизнис класа, рече дека руски службеник кој седел во негова близина пушел и одбил да стави маска на устата и носот. Според неговите зборови, стјуардесите повторно се обиделе да го натераат да ги почитува правилата, но Русинот одбил.

Свиреше руски рок на телефонот. Повторно се обиделе да го убедат да ја исклучи музиката, но тој не слушал. Мислам дека беа премногу “освежени”, изјави Кени за канадските медиуми од аеродромот во Мадрид.

Играчите на рускиот тим седеа во економска класа и во еден момент им пријде Русин и прегрна патник кој правеше проблеми, изјави Кени.

Др. Кетлин Шерф беше меѓу многуте патници кои твитнаа за време на инцидентот што го одложи летот за три часа.

Летот од Калгари до Франкфурт доцни два часа. Рускиот јуниорски хокеарски тим беше позади, тие не сакаат да носат маски, се обидуваат да пушат, не го слушаат персоналот. Полицајците се качија во авионот и сите моравме да излеземе додека тие го вадеа својот багаж, рече тој

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!