Вие имате прво да ја знаете вистината

Хаос во ноќен клуб во Белград поради Карлеуша, сакал да танцува со неа, таа повикала обезбедување, а потоа со автомобил рушеше се пред себе

Пред познатиот ноќен клуб Касина во Белград сабајлево околу два часот се случил инцидент, при што нема повредени, но причинета е поголема материјална штета и немало употреба на огнено оружје.

Полицијата привела едно лице, а по друго интензивно трага. Инцидентот се случил при гостувањето на Јелена Карлеуша.

Имено, Пинк пренесува дека менаџерот на клубот Касина изјавил дека околу два часот по полноќ на бината се качил гостин кој сакал да танцува со пејачката. Таа го повикала обезбедувањето кое го извадило гостинот пред зградата. Тогаш, гостинот им се заканил на вработените во клубот дека ќе им покаже кој е тој, пренесува Пинк.

Тој со автомобил дошол пред Касина, при што направил материјална штета на повеќе објекти. Искршени се стаклени прозорци и врата, металниот детектор на влезот во ресторанот, жардињера, заштитната ограда. Полицајците се обиделе да го запрат возачот, но тој избегал.

Подоцна автомобилот бил запрен во Карабурма, а зад воланот била пронајдена девојка, со алкотест над 1,20 промили. Таа е приведена по налог за претрес, а потрагата по младиот човек кој го предизвика инцидентот е во тек.

Гостите потврдиле дека инцидентот се случил за време на настапот на Јелена Карлеуша.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!