Вие имате прво да ја знаете вистината

АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Американците тврдат: Путин веројатно ќе изврши инвазија!

Руската инвазија на Украина е многу веројатна, а само „масовните санкции“ можат да ја одвратат Москва од таквата одлука, изјави денес претседателот на Комитетот за безбедност на Претставничкиот дом на САД, Адам Шиф.

Тој оцени дека одлуката на Москва за инвазија на Украина може да се врати како бумеранг и дополнително да го приближи НАТО до другите земји, пренесува лондонскиот весник Гардијан.

Шиф изрази уверување дека е важно Русија да разбере дека, доколку ја нападне Украина, ќе ја приближи Северноатлантската алијанса до нејзините граници, наместо да ја држи подалеку од Русија.

Запрашан дали мисли дека закажаните разговори би можеле да спречат руска инвазија, Шиф одговори:

Се плашам дека Путин најверојатно ќе изврши инвазија. Искрено, сè уште не ја разбирам целосната мотивација и зошто го прави тоа сега, но се чини дека тој се одлучи на тој потег… освен ако не го убедиме во спротивното.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!