Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден прогласи национална катастрофа, жртвите ги бараат со кучиња, најразорен пожар во историјата на Колорадо

Две лица се уште се водат како исчезнати во шумскиот пожар во западната американска држава Колорадо, кој предизвика илјадници луѓе да бидат евакуирани и речиси илјада домови уништени, соопштија властите во неделата.

Едно од трите лица наведени како исчезнати е пронајдено, изјави во неделата шерифот на округот Болдер Џо Пеле.

Официјални лица првично изјавија дека нема извештаи за жртви или исчезнати во пожарот што избувна во четвртокот наутро во северните предградија на Денвер.

Налетите од 160 километри на час го проширија пожарот кон градовите Супериор и Луисвил и населението мораше да биде евакуирано.

За околу два часа пожарот зафатил 6.000 хектари, соопштија властите.

Шерифот Пеле рече дека две исчезнати лица, чии имиња не ги именува, живееле во куќи кои изгореле.

Според него, уништени се 991 куќа во Супериор и Луисвил, што го прави пожарот најразорен во историјата на американската држава во смисла на губење на покривот над главата.

Во неделата, замениците на шерифот отидоа со дресирани кучиња да ги најдат мртвите од куќа до куќа во обид да утврдат дали има жртви.

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи национална катастрофа и издвои пари од федералните фондови за помош на жртвите и за обновување на економијата во областа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!