Вие имате прво да ја знаете вистината

НАПАДНАТ БРОД ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ: Велика Британија издаде предупредување за итни случаи

Дирекцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО) објави дека добила извештај за напад на брод во близина на јеменското пристаниште Рас Иса и дека е започната истрага.

Во соопштението објавено синоќа, овој огранок на британската кралска морнарица ги советува морнарите да бидат крајно внимателни во таа област , пренесува Ројтерс.

Позицијата на бродот е одредена на околу 23 наутички милји западно од нафтениот терминал Рас Иса во Црвеното Море.

Последниот бродски инцидент во близина на Рас Иса се случи на крајот на 2019 година, кога јеменските Хути накратко запленија брод под саудиско знаме и два други јужнокорејски бродови

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!