Вие имате прво да ја знаете вистината

Шок: Денес ќе се разговара за можен прекин на Евролигата!?

Клубовите со повеќегодишна евролигашка лиценца, вкупно 13, денес ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за следните чекори по уште една епидемија со коронавирус, објави Баскет њуз.

Веќе се одложени неколку натпревари од елитното клупско натпреварување, а речиси секојдневно се појавуваат нови позитивни случаи во тимовите. Акционерите на ЕЦА во понеделник преку видео врска ќе разговараат за тоа што е најдобро да се направи и можноста за промена на правилата поврзани со ограничувањата поради ковид-19.

Една од најважните точки ќе биде намалувањето на периодот на изолација, кој досега беше 14 дена. Ваков чекор веќе е направен во НБА лигата, но во Европа бара многу подетална анализа поради различните правила во борбата против вирусот во секоја земја.

Резервната варијанта, за која ќе се разговара на состанокот, е потенцијалниот прекин на сезоната на неколку недели, јавуваат израелските медиуми. Истовремено ќе се разговара и за други можни мерки за решавање на актуелната состојба.

Натпреварувањето во Евролигата треба да продолжи на 6 јануари, а во претходното коло беа одложени четири натпревари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!