Вие имате прво да ја знаете вистината

БИЛ ГЕЈТС ГРАДИ НУКЛЕАРЕН РЕАКТОР СО ПОМОШ НА ЈАПОНЦИТЕ: Откриено е по што ќе се разликува од сите останати

Две јапонски индустриски компании, наводно, планираат да се здружат со Бил Гејтс за да обезбедат техничка поддршка за високо-технолошки нуклеарен реактор што ќе се гради во американската сојузна држава Вајоминг.

Се очекува договорот да биде потпишан во јануари, а Јапонската агенција за атомска енергија (ЈАЕА) и Mitsubishi Industries ќе учествуваат во проектот за обезбедување индустриска помош и податоци од напредните јапонски реактори.

Tera Pauer, компанија за нуклеарна енергија основана од Гејтс, планира да ја отвори својата централа во Вајоминг во 2028 година, а американските власти ќе обезбедат средства за покривање на половина од проектот вреден четири милијарди американски долари.

Работата за изградба на брз реактор од 345.000 киловати кој користи натриум како течност за ладење ќе започне во 2024 година. Компанијата на Гејтс првично имаше во план да работи со државна кинеска компанија, но ограничувањата за нуклеарните договори со Пекинг наметнати од поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, ја принудија компанијата да се откаже од тој план.

Јапонија во 2016 година имаше горчливи искуства со демонтирањето на својот прототип на напредниот реактор Монџу, кој чинеше 8,5 милијарди долари, но даде мали резултати и беше проследен со низа контроверзии.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!