Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Германија уапсен албанец кој е осуден за убиство на државен службеник, се обидел да побегне во Турција!

Албанецот кој исчезна по отслужување на дел од казната за соучесништво во убиството на висок припадник на полицијата во Албанија пред две децении, е уапсен на аеродромот во Франкфурт, соопшти денеска германската полиција.

42-годишниот Албанец, чие име не се соопштува во јавност, бил уапсен на 31 декември додека се обидувал да отпатува за Истанбул, се наведува во соопштението на федералната полиција.

Германските власти потврдија дека тој е уапсен по меѓународна потерница, а тој е осуден заедно со неговиот татко за убиство на полицаец во 2000 година.

Осудениот Албанец беше ослободен со кауција во ноември 2017 година и оттогаш се води како исчезнат. Албанецот сега е во притвор и чека екстрадиција во Албанија, соопшти германската полиција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!