Вие имате прво да ја знаете вистината

Иванка и Доналд Трамп Џуниор одбија да сведочат за бизнисот на нивниот татко

Доналд Трамп Џуниор и Иванка Трамп, децата на поранешниот претседател на САД, одбија да сведочат во истрагата за наводна измама поврзана со бизнисот на нивниот татко.

Обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс, на 1 декември им подели покани на 44-годишниот Доналд Џуниор и 40-годишната Иванка, со покана од самиот републикански претседател.

Џејмс отвори истрага во 2019 година тврдејќи дека Трамп, пред да стане претседател, ја лажирал вредноста на својот имот кога барал заеми.

Трамп возврати со тужба против демократката Џејмс за да ја блокира нејзината истрага, обвинувајќи ја за „политички прогон“ и „лов на вештерки“.

Адвокатите на Трамп се обидуваат да ја спречат да ги испрашува неговите деца со ова „неуставно невидено барање“, пренесува Би-Би-Си.

Канцеларијата на јавниот обвинител Џејмс го сослуша синот на Трамп, Ерик, во октомври 2020 година, според Њујорк тајмс.

Таа сака да го испраша Трамп како дел од истрагата чија цел е да се утврди дали компанијата на Трамп, „Организацијата Трамп“, манипулирала со проценетите вредности на нејзиниот недвижен имот.

Нејзината истрага е поврзана со кривичната истрага на окружниот обвинител на Менхетен за деловните практики на компанијата на Трамп, вклучително и наводите дека тие ја преувеличиле вредноста на дел од недвижниот имот за да добјат заеми и даночни олеснувања. Џејмс се приклучи на истрагата во мај. Двете истраги се одвоени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!