Вие имате прво да ја знаете вистината

Израелска студија: Четвртата доза на вакцина против Ковид четири пати ги зголемува антителата

Една недела по примањето на четвртата доза од вакцината „Ковид-19“, антителата се четирикратно зголемени, изјави денес израелскиот премиер Нафтали Бенет, повикувајќи се на прелиминарни наоди од израелска студија.

„Една недела по примањето на четвртата доза, со поголема сигурност знаеме дека четвртата доза е безбедна“, рече Бенет во медицинскиот центар Шеба.

Како дел од студијата, Шеба му дала на својот персонал втора дополнителна доза од вакцината во екот на зголемувањето на инфекцијата со коронавирус омикрон.

„Другата вест е дека една недела по примањето на четвртата доза од вакцината, се забележува петкратно зголемување на антителата кај вакцинираниот“, изјави Бенет за новинарите.

„Ова најверојатно покажува значително зголемување  на заштитата против инфекција и… хоспитализација и (тешки) симптоми“, рече тој.

Израел има водечка улога во проучувањето на ефектите од вакцината „Ковид-19“ како земја која најбрзо целосно ја вакцинираше општата популација пред една година и една од првите земји што почна да ги вакцинира луѓето со трета, дополнителна доза.

Луѓето на возраст над 60 години, здравствените работници и имунокомпромитирани пациенти сега се вакцинирани со четвртата доза на Pfizer / BioNTech.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!