Вие имате прво да ја знаете вистината

Кинеското вештачко сонце руши рекорди! Достигна температура повисока од вистинското сонце! Разликата е 70 милиони степени !? (видео)

Кинескиот експериментален напреден суперспроводлив токамак (фузија реактор), познат и како ИСТОК или вештачко сонце, го собори рекордот за екстремно високи температури.

За време на симулацијата, која траеше 17 минути и 36 секунди, вештачкото сонце достигнало температура од 70 милиони степени, што е речиси пет пати повисока температура отколку кај вистинското сонце.

Кинеското вештачко сонце се користи од 2006 година за експерименти поврзани со фузијата, односно процесот на градење атоми што се одвива во центарот на ѕвездите во вселената, што им дава светлина и топлина. 

Уредот, развиен од кинески научници, тоа го прави со компресија на водород со помош на силно магнетно поле, се додека не се создаде плазма, која може да достигне температура и до 150 милиони степени, ослободувајќи огромна енергија.

Научниците се надеваат дека со помош на нуклеарна фузија ќе има речиси неограничен извор на еколошка енергија. За разлика од нуклеарната фисија, која се користи во нуклеарните централи, нуклеарната фузија не бара фосилни горива, ниту пак остава отпад од радиоактивен материјал.

Неодамнешните операции ни дадоа солидна научна и експериментална основа што води до иницирање на реакторот за фузија, изјави Гонг Сајанзу, истражувач од Кинескиот институт за физика на плазма во Кинеската академија на науките, кој го водеше најновиот експеримент.

Научниците ќе продолжат да вршат експерименти на вештачкото сонце до јуни. Сонг Хунтао, директор на Институтот за физика на плазма, изјави дека научниците се надеваат дека ќе можат да започнат со изградба на реактор за фузија за пет години, за што ќе бидат потребни околу 10 години за пуштање во функција.

Кога ќе биде готов проектот, ќе започне изградбата на генераторот, кој би можел да произведува енергија во 2040 година, додаде тој.

Кинеското вештачко сонце досега собори неколку рекорди, па така во мај 2021 година плазмата во него достигна 120 милиони степени за 101 секунда. Највисоката температура што плазмата ја постигнала била 160 милиони степени, што е десет пати повисока од онаа на Сонцето, и тоа само за време од 20 секунди.

Иако експериментите се успешни, научниците се далеку од користење на нуклеарна фузија надвор од лабораторијата. Главниот предизвик е како да се одржи стабилноста и температурата од 100 милиони степени во подолг временски период.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!