Вие имате прво да ја знаете вистината

Мексиканскиот претседател нуди азил за Џулијан Асанж: Пред крајот на мандатот на Трамп побарав помилување за него, тоа би било знак на солидароност!

Андрес Мануел Лопез Обрадор, претседателот на Мексико, потврди дека минатата година побарал од поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, помилување за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж и ја повторил отворената понуда за азил.

Лопез Обрадор истакна дека понудата за азил, која му ја дал на Асанж пред една година, пред Трамп да ја напушти функцијата, ја претставил во писмо во кое препорачал помилување на австралиски новинар.

Тој нагласи дека Мексико не добил одговор на писмото до денес.

Тоа би било знак на солидарност, братство, да се добие азил во земјата каде што Асанж одлучува да живее. Доколку добие азил во Мексико, Асанж не би можел да се меша во работите на другите земји и не би претставувал никаква закана, изјави Лопез Обрадор

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!