Вие имате прво да ја знаете вистината

Очајни чекори и мерки на Австралиските здраствени работници и експерти: Медицинските сестри позитивни на Ковид-19 мораат да одат на работа!

Медицинските сестри кои се позитивни на вирусот Ковид-19 се поканети да работат во болниците низ Нов Јужен Велс, што е спротивно на државните здравствени протоколи.

Сепак, раководителите на болниците применуваат и одат кон очајни мерки со цел здравствените институции да го издржат притисокот создаден од ширењето на видот омикрон од вирусот Ковид-19.

Во државата Нов Јужен Велс, јавните болници вклучуваат три локални здравствени области, вклучувајќи ги главните болници во Сиднеј и помалите регионални здравствени установи.

Во една болница во Сиднеј, се претпоставува дека медицинските сестри кои се позитивни на вирусот се ангажирани да работат во одделенијата за вирусот, меѓутоа, во други болници има позитивен персонал кои работи со пациенти кои не се заразени.

Господ да му помогне на секој пациент кој не е заразен со Ковид-19 а се наоѓа во болница во моментот. Тие се како чисти мети, изјави една медицинска сестра која што не сакаше да го открива својот индетитет за странските медиуми.

За време на новогодишната ноќ во Нов Јужен Велс, беше објавено ослободување од протоколот за работниците кои треба да бидат во седумдневна изолација и нивно враќање на работа доколку им се дијагностицираат асимптоматски симптоми и ако работодавачот ги прогласи за неопходни за извршување активности.

Сепак, портпаролот на Министерството за здравство потврди дека медицинските сестри позитивни на вирусот Ковид-19 не спаѓаат под ова ослободување.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!