Вие имате прво да ја знаете вистината

Пензиониран армиски генерал на босанските срби обвинет за геноцид во Сребреница: „Тој нареди напади врз цивили“

Обвинителството на БиХ поднесе обвинение за воени злосторства против пензионираниот генерал на војската на босанските срби, Миленко Живановиќ, кого го товари за учество во геноцидот на бошњаците во јули 1995 година во Сребреница.

Живановиќ (75) за време на војната во БиХ бил командант на т.н Дринскиот корпус на војската на босанските срби, чија област на одговорност беше источна Босна.

Во обвинението се наведува дека тој бил учесник во здружен злосторнички потфат што доведе до масовен етнички прогон и убиство на повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња од областите Сребреница и Жепа.

Од март 1995 година, трупите под команда на Живановиќ ја блокираа заштитената зона на Сребреница, прекинувајќи го снабдувањето на населението таму.

Живановиќ потоа нареди артилериски напади врз цивили и станови во Сребреница за да се создадат неподносливи услови за живот во зоната заштитена од ОН.

Голем број цивили беа убиени во артилериски напади што му претходеа на падот на енклавата, а  на мета на артилерија на босанските срби беа и мировните позиции на ОН.

Живановиќ и неговите подредени учествуваа во одвојувањето на бошњачките мажи и момчиња од нивните семејства по падот на Сребреница и во нивното притворање и егзекуција.

Живановиќ беше сведок на одбраната на судењето на воениот водач на босанските срби, Радован Караџиќ, пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), кој беше прогласен за виновен и осуден на доживотен затвор за воени злосторства, вклучувајќи го и геноцидот во Сребреница.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!