Вие имате прво да ја знаете вистината

СЗО: Под будно око го следеме новиот вид на Вирусот Ковид-19 регирстиран во Франција

Експертот на Светската здравствена организација (СЗО), Абди Махамуд, денес изјави дека СЗО од ноември под будно око го следи новиот вид на вирусот Ковид-19, Б.1.640.2, кој беше регистриран од научници во Франција.

Постојат три типа на видови на вирусот Ковид-19: оние што ги следиме, оние кои предизвикуваат интерес и оние што предизвикуваат загриженост, изјави Махамуд на брифингот во Женева.

Тој додаде дека СЗО од ноември го следи видот Б.1.640.2, како и две негови подваријанти.

Според Махамуд, СЗО ќе продолжи да го следи вирусот, вклучително и негово можно ширење во другите европски земји.

Претходно медиумите објавија дека експерти од Универзитетската болница во Марсеј откриле нов вид на вирусот Ковид-19 и привремено го нарекле Б.1.640.2. Според првите податоци, на југот на Франција од овој вид на вирусот се заразени 12 лица.

Повратник од Камерун беше означен како нула пациент, односно прв пациент заразен со овој нов вид на вирусот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!