Вие имате прво да ја знаете вистината

Словачката скијачка го освои Загреб: Влхова најбрза во слалом на Сљеме

Словачката скијачка Петра Влхова денеска победи во слаломот на загрепскиот Сљеме во рамките на Светскиот куп.

Влхова во првата рунда постигна време од 55,99 секунди, за да го извози вториот круг за 1,01,00 минути и со вкупен резултат 1:56,99 минути стигна до првата позиција.

Второто место го зазеде Американката Микаела Шифрин со вкупно време 1:57.49 минути, додека трета беше австријката Катарина Линсбергер со време 1:59.10 минути.

Меѓу првите пет се најдоа Али Нулмајер и Катарина Галхубер. По нив следуваа Леона Поповиќ, Ана Буцик, Марија Твиберг и Мишел Гисин.

Во поредокот за слалом води Влхова со 480 бодови пред Шифрин (340), додека во Светскиот куп води Шифрин со 830 бодови, 115 повеќе од Влхова.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!