Вие имате прво да ја знаете вистината

Уапсен црногорец кој направил хаос на настап на дара бубамара: Со нож расекол тројца млади, па побегнал

Припадници на МВР во Белград го уапсиле црногорскиот државјанин Д.М.(1996) поради сомнение дека на тројца млади момчиња им нанел лесни телесни повреди, а потоа побегнал, соопшти МВР.

Околу 2 часот по полноќ, на 1 јануари, во хотел во Белград, осомничениот, откако тројца млади момчиња поради недолично однесување побарале од него да ја напушти салата, ги расекол со нож и побегнал со автомобил.

Полицијата го идентификувала и привела осомничениот кому му е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава е изведен во надлежното обвинителство.

Станува збор за млад човек кој направи хаос на настапот на Дара Бубамара.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!