Вие имате прво да ја знаете вистината

300 платеници ја напуштија Либија

Околу 300 странски платеници го напуштија источниот дел на Либија, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

Француското Министерство го поздрави повлекувањето како почеток на постепеното повлекување на илјадници странски борци кои беа ангажирани од двете страни во конфликтот во таа северноафриканска земја.

Овој потег, првично објавен во ноември од борците кои ги поддржуваат силите од источна Либија, имаше за цел да го стимулира договорот поддржан од ОН постигнат меѓу завојуваните страни преку заедничка воена комисија, објави Ројтерс.

„Се случи првото повлекување, што е прв позитивен сигнал по конференцијата на 12 ноември“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Ан-Клер Лежандре, осврнувајќи се на состанокот во Париз, чија цел беше да започне од мртва точка во Либија.

„Сега целиот процес на повлекување на платениците, странските борци и странските сили мора да се следи што е можно поскоро“, посочи таа.

Лежандре не кажа кога заминале платениците или од каде дошле, додека дипломатите наведуваат дека се работи за платеници кои го напуштиле соседниот Чад.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!