Вие имате прво да ја знаете вистината

Бил Гејтс има нови предвидување, ако сакате да правите пари треба да се школувате за овие занимања

Техно-претприемачот Бил Гејтс откри дека тие кои се занимаваат со наука, инженерство и економија ќе бидат барани во годините што доаѓаат.

Според него, се работи за „агенти за промени на институциите“.

„Основните знаења во науката, математиката и економијата ќе бидат клучни за постигнување кариера“, рече Гејтс.

Како што објасни, не треба да сте експерт за програмирање, само треба да имате способност да размислувате на начин на кој размислуваат експертите во овие области, пренесува порталот Т.

„Потребно е да се разбере што прават и што можат, а што не можат“, посочува ко-основачот на Мајкрософт.

За потсетување, богатството на Гејтс продолжува да расте и се проценува на 139 милијарди долари, а Џеф Безос и Илон Маск го претекнаа на листата на најбогати луѓе во светот во областа на технологијата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!