Вие имате прво да ја знаете вистината

Борел: Русија ќе претрпи „огромни последици“ доколку ја нападне Украина

Русија ќе се соочи со огромни последици доколку дојде до воена ескалација во источна Украина, изјави денес за новинарите шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Борел го посети бојното поле во источна Украина каде што украинските сили се борат против проруските сепаратисти поддржани од Москва.

Киев ја поздрави посетата на Борел како знак на солидарност, додека на Украина и се заканува голем воен конфликт со Русија, која натрупа сили долж границата.

„Пограничниот конфликт е блиску до продлабочување, а тензиите се зголемуваат поради европската безбедност како целина“, рече Борел.

ЕУ е категорична дека „секоја воена агресија против Украина ќе има далекусежни последици и голема цена“, додаде тој.

Борел ќе остане во Украина до четврток.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!