Вие имате прво да ја знаете вистината

Во голем пожар во Филаделфија загинаа најмалку 13 лица, меѓу кои седум деца

Најмалку 13 лица загинаа во пожар што избувна денес во куќа која е пренаменета во станови во Филаделфија, а која е во сопственост на градската управа за јавни станови во областа Фермаунт, јавува NBC News.

Пожарот се случил на улицата Огден, во густо населена станбена област, соопштија претставници на полицијата и пожарникарите во Филаделфија.

Според извештаите на медиумите, уште најмалку две лица се во критична состојба.

Еден сосед изјавил дека слушнал врисоци рано наутро по локално време и отишол долу и видел пламен како доаѓа од куќата.

„Тоа беше шокантен момент“, рече тој.

Властите се уште не соопштуваат никакви информации за жртвите, но соседот забележува дека видел деца како излегуваат од куќата. Американските медиуми јавуваат дека меѓу жртвите има седум деца.

„Прелиминарните информации покажуваат дека екипите пристигнале на местото на настанот во 6 часот и 40 минути и констатирале силен пожар на вториот кат од трикатната зграда“, соопшти пожарникарската служба на Твитер.

„Потребни беа 50 минути за да се стави пожарот под контрола“, се додава.

Пожарот бил изгаснат по неколку часа, а градоначалникот на Филаделфија Џим Кени и други градски власти излегле на местото на настанот.

Засега не е јасно колку луѓе престојувале во становите, а податоците за недвижностите велат дека куќата е поделена на пет станбени единици.

Причината за пожарот се уште не е утврдена.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!