Вие имате прво да ја знаете вистината

Двесте килограми кокаин во автомобилот на градоначалник

Нигерската полиција заплени повеќе од 200 килограми кокаин од возилото на градоначалникот на мал град на северот на земјата, соопштија денеска властите.

Околу 200 пакувања со кокаин биле запленети викендов во Агадез од службеното возило на градоначалникот во местото Фаци, трговски центар на околу 400 километри од Агадез.

Градоначалникот и неговиот возач се донесени на сослушување во Ниамеј, главниот град на Нигер, а полицијата трага по уште еден осомничен.

Во истрагата се вклучени и агенти на Европската унија.

Заплените на дрога стануваат се почести во Западна Африка, што покажува дека континентот стана центар за трговија со дрога меѓу Јужна Америка и Европа.

Во октомври 2021 година, сенегалската морнарица заплени повеќе од два тона кокаин од бродот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!