Вие имате прво да ја знаете вистината

Макрон со вулгарен настап: Сакам да ги “распиздам” невакцинираните, тоа е мојата стратегија, одам до крај! Тие не се граѓани!

Францускиот претседател Емануел Макрон со својот жесток настап во Парисиен во кој најави пресметка со невакцинирани сограѓани, предизвика голема бура во тамошната јавност.

Не ми е намерата да го “распиздам” францускиот народ. Но, кога станува збор за невакцинираните, многу сакам да ги распиздам. И ќе продолжиме така, до крај. Тоа е стратегија, тој на еден вулгарен начин ги опиша своите напори да натера што повеќе Французи да се вакцинираат. Во Франција досега се вакцинирани повеќе од 90 отсто од тие на кои им е понудена вакцинација.

Според Гардијан, интервјуто на Макрон во Ле Паризиен дојде во време кога Долниот дом на француското национално собрание, на изненадување на претседателот, беше заглавено донесувањето на контроверзниот нов закон што ќе им дозволи на само вакцинираните граѓани да влегуваат во кафулиња, кина, музеи. авиони, возови и други јавни места, додека негативен тест повеќе нема да се признава. Мнозинството пратеници гласаа за одложување на седницата по жестоката дебата до понеделникот доцна навечер, а членовите на владејачката партија на Макрон беа запрепастени од ваквиот развој на настаните.

Според Ројтерс, во тоа време во салата немало доволно пратеници за да се спречи прекинот на седницата изгласана од десничарските републиканци (ЛР) обединети со крајната левица и крајната десница. Сега треба да следат договорите на собраниските клубови кога треба да продолжи седницата, а владејачката партија настојува да го исполни планот спорниот закон да стапи на сила на 15 јануари.

Со него се предвидуваат построги казни за производителите, трговците и корисниците на лажни сертификати за ковид, како и за одговорните на места кои не ги проверуваат. Лицата кои имаат лажна пропусница би можеле да бидат казнети со пет години затвор, и парична казна до 75.000 евра, пренесува France24.

Предложените построги мерки ги налутија противниците на вакцинацијата, но не само нив, а некои пратеници велат дека биле изложени на закани со насилство и вандализам. Интервјуто на Макрон за Le Parisien и грубите зборови што ги изговори во него додадоа масло на огнот на социјалните поделби.

Во демократија лагата и глупоста се најголеми непријатели. Вршиме притисок врз невакцинираните со тоа што им го ограничуваме пристапот до социјалните активности колку што е можно, рече Макрон.

Имаме повеќе од 90 отсто од вакцинираните, а само мало малцинство дава отпор. Како дополнително да се намали? Затоа, простете ми за изразот, уште повеќе ќе ги попиздиме, изјави претседателот на Француската Република, чиј мандат е пред истек, а се уште формално не ја објавил кандидатурата на априлските избори бидејќи, вели, неговата „здравствена состојба“ не му дозволила.

„Нема да ги ставаме во затвор, нема да ги вакцинираме со сила. Но, да им кажеме: од 15 јануари повеќе нема да можете да одите во ресторан. Веќе нема да можете да одите на кафе, нема да можете повеќе да одите во театар. Повеќе нема да можете да одите во кино, рече Макрон и отиде чекор понатаму, ускратувајќи го правото на државјанство на невакцинираните.

Кога моите слободи ги загрозуваат слободите на другите, тогаш станувам неодговорен. Тој што е неодговорен не е граѓанин, тврди Макрон.

Неговите политички противници, кои од почетокот на неговото владеење го нарекуваа арогантен, нетактичен и целосно одвоен од делови од населението, веднаш упатија низа критики кон ваквата реторика од Елисејската палата.

Дописникот на Гардијан од Париз оценува дека појавувањето на Макрон на улица може да предизвика екстремни, па дури и бурни реакции од противниците на вакцинацијата, но вели дека неговата вулгарност е всушност политички добро пресметана со оглед на тоа што повеќето Французи се прилично фрустрирани од бескрајната пандемија и дека ги прифаќаат ковид пропусниците како метод за конечно сузбивање на пандемијата, а тоа не би требало да го чини многу на претстојните избори.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!