Вие имате прво да ја знаете вистината

Нема самба, Карневалот во Рио ќе биде откажан, омикронот прави растур систем во Бразил

Властите во Рио де Жанеиро во вторникот одлучија да ја откажат традиционалната масовна карневалска поворка на градските улици поради забрзаното ширење на омикронската варијанта на коронавирусот.

„Нема да има уличен карневал како оној што се одржуваше до 2020 година“, рече градоначалникот на Рио Едуардо Паес во директен пренос на социјалните мрежи, наведувајќи ги тешкотиите во контролирањето на карневалските настани бидејќи се зголемува бројот на инфекции со коронавирус.

Ова го соопшти градоначалникот по средбата со претставниците на музичките групи, таканаречените блокос, кои учествуваат на уличниот карневал. Паес истакна дека предложил одржување на настани во три различни делови на градот, но блокосите не го прифатиле тоа и имаат намера да му дадат контрапредлог.

Поворката на школите за самба на Самбодром се уште не е откажана и ќе се одржи кон крајот на февруари.

Уличниот карневал беше откажан поради пандемијата втора година по ред.

Според градската туристичка канцеларија Riotur, седум милиони луѓе учествувале на уличниот карневал во 2020 година.

Бразил, со околу 620.000, е втор во светот по бројот на смртни случаи од коронавирус по САД.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!