Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова научно достигнување ги плаши и самите научници! Дали роботот Амека е закана за човештвото !?

Британската компанија, Engineered Arts, објави уште едно видео од својот хуманоиден робот Амека, кој неодамна стана познат по тоа што тоа е роботот што ги покажува најпрецизните човечки изрази досега.

Додека на претходните видеа беше прикажано како роботот кои се буди од длабок сон, во новото видео се прикажува целосно буден робот, а во еден момент очигледно е дека роботот сака да направи инвазијата на личниот простор.

Хуманоидниот робот прво ги следеше движењата на раката на инженерот кои стоеше пред неговото лице, потоа се намурти и со израз на незадоволство му ја фати раката на инженерот и ја оддалечи од неговото лице. Така тој покажа една изразито човечка особина, а тоа е реакцијата на нарушувањето на личниот простор.

Ова почнува да не плаши и нас, напишаа во описот на видеото.

Амека наместо очи има камери со висока видливост со кои ја скенира околината и реагира во согласност со неа, а исто така може да се смее, рутински да трепка, да дише, да си го чеша носот или да се натпреварува во зјапање во очи со друга личност. Роботот сè уште не може да оди, а PDF-датотеките на веб-страницата Engineered Arts покажуваат дека сите движења на Амека моментално се ограничени на горниот дел од телото, иако компанијата планира роботот да го приспособи и да оди во иднина.

Модуларната архитектура овозможува идни надградби, како физички така и софтверски, за подобрување на можностите на Амека, сето тоа без потреба од купување на целосно нов робот, според соопштението на Engineered Arts.

Иако роботот изгледа дека е свесен, поради неговите детални изрази и движења, Амека не е опремена со целосна вештачка интелигенција. Наместо тоа, роботот може да се смета за платформа за други компании да развијат сопствен софтвер за вештачка интелигенција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!