Вие имате прво да ја знаете вистината

Пендаровски на средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир порача: Државата останува на фокусирана на европската агенда и е подготвена за дијалог со Бугарија

Политичките случувања во земјава во пресрет на формирањето на новата влада, како и очекувањата и можностите за напредок во однос на европските перспективи, беа темите за кои денеска разговараа претседателот Стево Пендаровски и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Како што истакна претседателот Пендаровски на средбата во неговиот Кабинет, Северна Македонија останува фокусирана на европската агенда и подготвена за дијалог со Република Бугарија во насока на надминување на постоечката состојба.

Претседателот констатираше дека валоризирањето на напредокот на нашата држава и почетокот на пристапните преговори, согласно препораките на Европската Комисија, ќе претставува дополнителен поттик за реформските процеси, посебно во клучните сфери како борбата против високата корупција и владеењето на правото.

На средбата, информира Кабинетот на Пендаровски, беше посочено дека почетокот на пристапните преговори со ЕУ значително ќе се одрази и на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на регионот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!