Вие имате прво да ја знаете вистината

Првата компанија во светот вредна 3 трилиони долари, пробиена е магичната граница

Apple стана првата светска компанија која достигна вредност од три трилиони долари, објави CNN.

Технолошката компанија Apple на тој начин надмина уште една магична граница.

Вредноста на производителот на iPhone во понеделникот достигна вредност од три трилиони долари, со што стана првата компанија со таа вредност чии акции јавно се тргуваат на берзата.

Поточно, акциите на Apple накратко достигнаа ново највисоко ниво – 182,88 долари по акција, надминувајќи го нивото од 182,85 долари потребни за да се направи компанијата да вреди повеќе од 3 трилиони долари. Вредноста на акциите подоцна падна под тоа ниво.

Да потсетиме, пазарната вредност на Apple ја надмина границата од една милијарда долари во 2018 година, а прагот од две милијарди во август 2020 година.

Акциите на Apple во 2021 година зајакнаа за вкупно речиси 35 проценти.

Минатата година компанијата забележа раст на побарувачката за моделот iPhone 13 и други постари модели, како и претплатни услуги за Apple Music, Apple TV +, популарниот App Store …

Продажбата на компанијата се зголеми за речиси 30 отсто на повеќе од 83 милијарди долари во текот на кварталот што заврши во септември.

Apple има и огромни готовински средства во износ од 191 милијарда долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!