Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин цврсто убеден: Русија го има најдобриот и најбараниот противваздушен систем за одбрана во светот!

Претседателот на Русија, Владимир Путин на средбата со главниот конструктор на воената компанија, Алмаз Антеј, Павел Сожинов изјави дека руската противвоздушна одбрана е најсигурна и најбарана на светскиот пазар.

На компанијата не им е потребно дополнително рекламирање. Сите во светот се добро запознаени со производите на компанијата. Системите за противвоздушна одбрана се најсигурното и веројатно најбараното оружје на светскиот пазар. Тоа е општо признат факт, истакна рускиот претседател.

Претседателот на компанијата напомена дека би сакал да разговара за прашањата на граѓанското производство.

Сепак, би сакал да почнам од нешто сосема друго – од граѓанскиот дел, цивилните производи што ги воспостави компанијата и чиј промет планираат да го зголемат, имајќи предвид дека компанијата не само што активно ги зајакна сите можности на ова поле за идните 20. години, ние веќе и многукратно ги умноживме, се обрати претседателот на компанијата, Павел Сожинов.

Воедно, главниот конструктор на средбата истакна дека компанијата ќе биде првата во Русија што ќе создаде автоматизиран систем за проектирање.

Порано немавме такво нешто, а сега веќе се појавува – тоа се автоматизирани системи за дизајн, на пример, радари. Во блиска иднина ќе направиме таков систем за ракети – додаде тој, напоменувајќи дека слични софтверски производи имаат само компаниите Рејтеон и Локид Мартин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!