Вие имате прво да ја знаете вистината

Сакате да го имате познататиот бел шешир на Меланија Трамп? Можете да го купите сега, но цената е солена

Меланија Трамп најави дека ќе организира аукција за нејзината бела капа, која ја носеше за време на посетата на Белата куќа од страна на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит во 2018 година , пишува Си-Ен-Ен.

Во соопштението испратено од нејзината канцеларија, се вели дека на аукција ќе биде понуден и акварел од францускиот уметник Марк-Антоан Кулон, кој ги прикажува очите на Мелани и се користи за нејзиниот NFT(дигитален токен).

Минатиот месец Меланија објави дека лансира сопствена платформа NFT (non-fungible token), а потоа ја претстави својата прва понуда, сопствен имиџ. Незаменливите токени или NFT е феномен заснован на крипто-технологија кој станува мејнстрим, а најчесто се работи за уникатни дигитални објекти, како уметнички дела.

Од канцеларијата на Меланија Трамп, исто така, велат дека аукцијата е дел од нејзината иницијатива „Биди најдобар“. На крајот од огласот беше наведено дека одредена сума ќе биде донирана за стипендија за изучување на работа на компјутери на деца кои треба да го напуштат згрижувачкиот дом кога ќе станат полнолетни, но не е јасно колкав ќе биде точниот износ.

Централниот предмет на аукцијата ќе биде белиот шешир, потпишан од самата Меланија, направен специјално за неа од стилистот Ерве Пјер за да одговара со белиот костум на Мајкл Корс од 2.105 долари што го носеше г-ѓа Трамп при посетата на Макронови.

Предметите ќе се нудат по почетна цена од 250.000 долари, што во моментов е еквивалент на 1.416 SOL, криптовалута во која може да се врши само плаќање.

Мелани Трамп се впушти во светот на NFT и криптовалутите, што е малку невообичаено со оглед на тоа што поранешните први дами обично избираат да се посветат на добротворна работа или пишување мемоари. Многумина од нив по завршувањето на мандатот нудат некои предмети или парчиња облека на аукција за да ги искористат парите во хуманитарни цели. Многу од предметите што им припаѓале на првите дами завршуваат во музејот, како што е случајот со некои од парчињата облека на Жаклин Кенеди.

Аукцијата на предметите на Меланија Трамп ќе се одржи од 11 јануари и ќе трае до 25 јануари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!