Вие имате прво да ја знаете вистината

Скандал на Хрватската Телевизија: Министерот за надворешни работи стана Џејмс Бонд, потоа му се извинија и пак му го згрешија името

Откако хрватската јавност беше шокирана со случајната грешка во Дневник 2 на ХТВ во вторникот вечерта, телевизијата им се извини на сите гледачи.

Имено, за време на Дневникот беше прикажан разговор со министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, под кој не пишуваше неговото име туку „Даниел Крег, Џејмс Бонд“.

Гледачите веднаш го забележаа тоа и реагираа споделувајќи фотографија од несмасниот гаф на социјалните мрежи.

ХТВ вечерта излезе со соопштение во кое се извини за оваа ненамерна техничка грешка. Во писмото до министерот повторно навеле погрешно име – го нарекоа Горан.

Хрватската радио-телевизија (ХРТ) им се извинува на гледачите за техничката грешка во вечерашната репортажа во централниот ХТВ Дневник 2 под изјавата на министерот Горан Грлиќ Радман, објави ХРТ.

Станува збор за техничка грешка која не беше видлива во системот во кој се пишуваат новинарски текстови. Во тој систем беше напишано точното име на соговорникот – сепак поради техничка грешка настана ситуација за која и се извинуваме на јавноста, се вели во соопштението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!