Вие имате прво да ја знаете вистината

Софија е спремна за конструктивен дијалог и да пружи рака за Скопје, порача шефицата на кабинетот на премиерот на Бугарија

Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова по владината седница информираше дека Бугарија е спремна да пружи рака за започнување на конструктивен дијалог со Република Македонија.

Бориславова увери дека бугарската позиција ќе продолжи добро да се брани и аргументира, а постојната рамка ќе се надградува со формирање на пет работни групи кои ќе разговараат на конкретни теми.

Таа посочи и дека подготовката и организацијата на овој процес е причина за посетата на Скопје на советничката за надворешна политика на премиерот Петков, Весела Чернева на 2 јануари.

Бугарската Влада денес на редовната седница разреши девет регионални управители

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!