Вие имате прво да ја знаете вистината

Уапсена наставничка од Њујорк која што вакцинирала малолетно дете без знаење на неговите родители

Наставничка од Њујорк, која нема медицинска квалификација, е уапсена затоа што наводно му дала вакцина против вирусот Ковид-19 на ученик, соопштија официјални лица.

Полицијата наведува дека Лора Русо го вакцинирала ученикот во нејзината куќа, иако немала официјално одобрение да дава вакцини или одобрение од родителите на момчето за да го стори тоа.

Русо (54 г.), која предава биологија, била уапсена на 31 декември, а доколку биде осудена, се соочува со затворска казна до четири години.

Наводно таа тврди дека 17-годишно момче сакало да ја прими вакцината.

Официјалните лица соопштија дека родителите на момчето повикале полиција откако тој пристигнал дома и им кажале што се случило.

Во полициското соопштение се вели дека не е јасно како Русо ја набавила наводната вакцина против Ковид-19, ниту пак се знае кој е производителот на истата.

Во моментов во САД, само вакцината на компанијата Фајзер е одобрена за деца под 18-годишна возраст.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!