Вие имате прво да ја знаете вистината

Хаос и насилство во Казахстан, полицијата гаѓана со ракети, шефот на државата во драматично обраќање: Воведена е вонредна ситуација

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев прогласи двонеделна вонредна состојба во најголемиот град Алмати (Алма Ата) и во западната провинција Мангистау, каде што се водат насилни антивладини протести, соопшти кабинетот на претседателот рано во средата.

„Повикувањето на напади врз владини и воени згради е апсолутно нелегално“, рече Токаев во видео обраќањето неколку часа пред прогласувањето на вонредната состојба.

„Владата нема да падне. Не сакаме конфликт, туку меѓусебна доверба и дијалог“, додаде тој.

Додека тој се обраќаше, полицијата во Алмати ги пречека стотиците демонстранти со солзавец и шок бомби додека се обидоа да упаднат во канцеларијата на градоначалникот, јави дописникот на Ројтерс.

Гневни што владата ги укина ограничувањата на цената на енергијата во новата година, толпи демонстранти демолираа, кршеа и запалија полициски возила во најголемиот град во Казахстан. Пријавени се жестоки судири меѓу локалната полиција и демонстрантите.

На видеото од вторникот се гледа како толпа демонстранти превртуваат полициско комбе на своја страна, уништуваат полициски автомобили и палат полициски возила и безбедносните сили. Според Русија денес , се чини дека неколку возила целосно изгореле во пожарот.

Немирите, кои се проширија низ целата земја, започнаа во југозападниот регион Мангистау, каде се произведува нафта, а веднаш се прелеаа и во другите делови на земјата. Судири меѓу демонстрантите и полицијата беа пријавени во вторникот во Кизилорда, главниот град на истоимениот јужен регион.

Скокот на цените на течниот гас, кој се удвои, доведе до двојно зголемување на трошоците за само неколку дена.

Владата тврди дека ниската цена е неодржлива и ги отстрани ограничувањата на 1-ви јануари.

Многу Казахстанци имаат автомобили кои работат на течен нафтен гас, кој е значително поевтин од бензинот во Казахстан поради ценовните ограничувања.

Владата на оваа земја богата со нафта доцна во вторникот објави дека ќе ги ограничи цените на течниот нафтен гас, откако избија протести поради наглото зголемување на цените на горивата на почетокот од оваа година.

Казахстан е голема енергетска сила, меѓу водечките светски извозници на нафта и меѓу 20-те водечки извозници на гас во светот, и со години субвенционира течен природен гас, но одржувањето на цените на ниско ниво повеќе не беше одржливо, рече владата.

Протестите се нелегални во Казахстан без претходна најава.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!