Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѕвездата на Манчестер префрлена во најозлогласениот затвор на Островот: Навивачите на лутиот ривал едвај го „дочекаа“

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди е префрлен во еден од најопасните и најдобро чуваните затвори во Англија.

Тој е обвинет за вкупно седум точки за сексуална злоупотреба, а неодамна стана и жител на затворот „Стренџвејс“, каде затворениците се категоризираат како опасни.

„Менди беше префрлен затоа што е познат неговиот случај. Тоа може да доведе до проблеми за неговата безбедност и се сметаше дека затворската категорија А може да биде подобро опремена за да го реши секој потенцијален проблем“, објаснуваат од затворот.

„Strangeways е еден од најстрогите затвори во земјата, но неговиот друг проблем ќе биде бројот на навивачите на Манчестер Јунајтед кои се таму.

„Навечер ќе го врескаат неговото име за да не спие многу, особено што е обвинет за сексуални злосторства“, пишува угледниот „Сан“.

Обвинетите за силување обично не се популарни меѓу затворениците.

„Има и многу навивачи на Сити, но тешко дека ќе го бранат наводниот сексуален престапник“, пишува Сан.

Според зборовите на работниците од овој затвор, затворениците кои се таму поминуваат околу 22 часа дневно затворени во ќелии, но и тоа не гарантира дека се целосно безбедни.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!