Вие имате прво да ја знаете вистината

Американски специјалци доаѓаат на Балканот: Еве која земја ја избраа за своја база

Командата за специјални операции на САД за Европа (SOCEUR) ќе формира напредна база на штабот на специјалните сили во Албанија.

Како што наведоа, овој чекор ќе овозможи зголемена интероперабилност со албанските сојузници, како и важен пристап до транспортните центри и поголема логистичка флексибилност.

Воспоставувањето на базата ќе заштеди време на патување и ќе ја зголеми флексибилноста и на специјалните операции и на конвенционалните сили во регионот.

Командантот на специјалните операции (SOCEUR), генерал-мајор Дејвид Х. Табор, рече дека можноста за брзо движење и обука на Балканот, во тесна соработка со другите сојузнички и партнерски сили, ја прави Албанија најдобра локација за воспоставување на овој тип база.

„Албанија останува важен сојузник во НАТО и почитуван безбедносен партнер, и регионално и глобално“, рече Табор.

SOCEUR игра важна улога во демонстрирањето на посветеноста на САД кон сојузниците и партнерите на Балканот, а овој напор се спроведува со целосна поддршка на албанската влада и како признание за професионалноста на албанската војска, се вели во соопштението.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!