Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден го обвини Трамп за закана за американската демократија, тој рече: „Ја уништувате нацијата“

Американскиот претседател Џо Бајден, на годишнината од смртоносните напади на Капитол, го обвини неговиот претходник Доналд Трамп дека постојано и се заканува на американската демократија , на што Трамп одговори дека го користи неговото име за да ја „подели Америка уште повеќе“.

Бајден и потпретседателката Камала Харис им се обратија на Американците во Капитол, една година откако илјадници поддржувачи на Трамп упаднаа во зградата обидувајќи се да го запрат пребројувањето на гласовите и да спречат потврда на победата на Бајден.

„Ова е вистина: поранешниот американски претседател создаде и шири мрежа од лаги за изборите во 2020 година. Тој го направи тоа затоа што ја цени моќта над принципите“, рече Бајден.

„На денешен ден пред една година на ова свето место беше нападната демократијата.Уставот, нашиот Устав, се соочи со најтешките закани“, рече американскиот претседател, додавајќи дека демонстрантите во Капитол држеле нож под грлото на американската демократија“.

Бајден рече дека демонстрантите не го нападнале Капитол „од патриотизам или принципи“. „Тие не дојдоа во служба на Америка, туку во служба на еден човек“. Тој го осуди Трамп што ги гледал немирите на телевизија и „не реагирал со часови“.

Четири лица беа убиени на денот на нападот, а еден полицаец кој се наоѓаше во Капитол загина ден по одбраната на Конгресот. Во меѓувреме, четворица полицајци кои го бранеа Конгресот, си го одзедоа животот.

Бајден истакна дека за прв пат во историјата на САД, неговиот претходник „се обиде да спречи мирен трансфер на власта“ кога „насилна толпа“ упадна во Капитол и рече дека американците „мора да се погрижат тоа никогаш да не се повтори“.

Тој додаде дека Трамп ја претставува Америка предводена од „автократски моќен човек“ и ги пофали изборите во 2020 година како „најголема демонстрација на демократијата“ во американската историја бидејќи 150 милиони Американци излегоа на гласање и покрај пандемијата на Ковид-19.

Поранешниот претседател реагираше на говорот на Бајден. Трамп го обвини Бајден за „уништување на нацијата“.

Актуелниот претседател „денес го искористи моето име за да се обиде дополнително да ја подели Америка“, рече Трамп.

Тој ги повтори наводите за изборна измама. „Соучесниците на медиумите тоа го нарекуваат голема лага, а големата лага всушност биле самите избори“, повтори поранешниот претседател.

„Демократите сакаат да го поседуваат овој ден, 6 јануари, за да можат да ги подгреат стравовите и да ја поделат Америка“, рече Трамп.

Околу 55 отсто од републиканските гласачи веруваат во тврдењето на Трамп за изборна измама, иако е отфрлено од десетици судови, вклучително и членови на поранешната администрација на Трамп, според анкетата на Ројтерс и Ипсос.

Но, Трамп остана популарен кај републиканските гласачи и постојано навествува дека повторно ќе се кандидира за Белата куќа во 2024 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!