Вие имате прво да ја знаете вистината

Златен орел за јапонецот: Кобајаши победник на турнејата четири скокалници, Австриецот изненади во Бишофсхофен

Јапонскиот ски-скокач Рију Кобајаши е победник на 70. новогодишна турнеја „Четири скокалници“, откако вечерва на последната станица во Бишофсхофен го освои петтото место.

Јапонецот до вториот „Златен орел“ во кариерата стигна благодарение на победите на првите три станици во Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен и Бишофсхофен.

Во последното натпреварување на турнејата победата ја однесе австриецот Даниел Хубер и со тоа го спречи Кобајаши да влезе во историјата како прв скокач кој успеал двапати да ги освои сите четири скокалници во кариерата.

Хубер до победата стигна со скокови од 136,5 и 137 метри и вкупно 286,8 поени. Второто место му припадна на Халвор Гранерунд со 282,4 поени и скокови од 136,5 и 136 метри, додека трет беше Карл Гајгер со скокови од 140,5 и 132 метри и 281,9 поени.

Во топ 10 се најдоа и Јуки Сато, Роберт Јонасон, Јан Херл, Маркус Ајзенбихлер, Ловро Кос и Мариус Линдвик.

Рио Кобајши стигна до првото место во генералниот пласман на новогодишната турнеја, освојувајќи вкупно 1162,3 бодови. Втор е Норвежанецот Мариус Линдвик со 1138,1 бодови, додека третото место го зазеде неговиот сонародник Халвор Гранерунд со 1128,2 бодови.

Натпреварувањето во Светскиот куп продолжува во петок и сабота во Титизе-Нојштад.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!