Вие имате прво да ја знаете вистината

Зоран Заев со честитка до сите граѓани на државата: Бадник да помине во љубов, радост, благосостојба и толеранција

Премиерот во оставка Зоран Заев го честита Бадник и посакува празникот предвесник на Христовото раѓање, кој традиционално се празнува во семејствата, да помине во љубов, радост, благосостојба и толеранција.

Семејните вредности, топлината и почитта нека се шират и пренесуваат меѓу сите граѓани. Да помислиме и да помогнеме на сите луѓе, и на оние кои во изминатиот период изгубија некој близок или се соочуваат со други тешкотии. Да ги отвориме срцата за добрини, разбирање и слога. Во мир, спокој, заедништво и надеж, да ја дочекаме веста за раѓањето на Исус Христос. Честит и вековит Бадник!, напиша Заев на својот официјален фејсбук-профил.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!