Вие имате прво да ја знаете вистината

Мачка со необични мустаќи го освои интернетот: Личи на музичката икона Фреди Меркјури (фото)

Симпатичната мачка, Мостахоли, стана вистинска сензација на социјалната мрежа Инстаграм благодарение на нејзините мустаќи со кои ја споредуваат со музичката икона, Фреди Меркјури.

Домашното милениче веднаш ги освои корисниците на социјалната мрежа благодарение на необичната боја на нејзиното крзно во пределот под нејзината муцка. Сè изгледа како да има мустаќи, слични на оние што ги носи фронтменот на Queen, коментираат корисниците на Инстаграм.

Под фотографиите секојдневно ја опсипуваат со коментари, а покрај комплиментите дека изгледа уникатно и преслатко, постојано ја споредуваат со легендарната музичка икона.

Откако мачињата се родиле од дива мачка од Бомбај, сопственичката Натали ги пронашла во дворот на нејзината мајка и решила да ги вдоми.

Нивната мајка едвај ми дозволи да им пријдам, па на почетокот не ги ни забележав нејзините мустаќи. Подоцна знаев дека ќе биде посебно маче, изјавила таа во една прилика.

Натали се грижела за мачињата и им помогнала да го пребродат периодот додека се уште биле премногу мали. Таа ги дала на посвојување браќата на маченцето, но кога дојдело редот на оваа хит маченце, Натали не можела да се одвои од него, па реши да си го задржи за себе.

На нејзиното необично крзнено милениче денес друштво и прави мачката Изанами од која не се одвојува.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!