Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова е хотелот каде што Новак Ѓоковиќ е „притворен“. Пред хотелот полиција и демостранти, погледнете како изгледа (видео)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, ја чека одлуката на австралиските власти за влез во државата откако му беше укината неговата виза. Агонијата на аеродромот што тој ја доживеа траеше со часови, на Новак не му беше дозволено да го користи својот мобилен, а властите најавија дека правилата важат за сите и дека нема да му дозволат да влезе во земјата. Адвокатите на Новак поднесоа жалба на таа одлука, а целиот свет без здив го чека расплетот на ситуацијата!

Австралиските власти денес нема да го депортираат Новак, а одлуката би можела да биде продолжена до понеделник, пишуваат медиумите. Се поизвесно е дека Ѓоковиќ ќе помине неколку дена во хотел кој во никој случај не е во добра состојба и не е добро место за Новак!

Станува збор за хотел кој вообичаено се користи за сместување на баратели на азил и чијшто имиграциски статус сè уште не е решен. Некои од нив живеат таму со години, јавуваат австралиските медиуми.

Новинарот Бен Ротберг исто така изјави дека имало помали инциденти помеѓу луѓето кои пристигнале да му дадат поддршка на Новак и демонстрантите кои биле таму поради нехуманиот третман на барателите на азил. Погледнете!

Како што јавуваат австралиските медиуми, неодамна во хотелот избувнал пожар, а таму била експлозија на бројот на заразени со вирусот Ковид-19.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!