Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешниот фудбалер Антонио Касано пренесен во болница поради компликации од вирусот Ковид-19

Поранешниот италијански фудбалер, Антонио Касано, потврди дека е хоспитализиран во болница на лекување по компликациите добиени вирусот Ковид-19.

Поранешниот напаѓач на Интер, Милан, Реал Мадрид, Рома и Сампдорија беше позитивен на вирусот уште пред католичкиот Божиќ. Последниве неколку денови тој се чувствувал многу лошо и бил префрлен во болницата Сан Мартино во Џенова.

Му благодарам на професорот Басети и неговиот персонал, тие беа навистина професионални. Бев навистина исплашен, но се помина добро и среќен сум што се вратив дома, изјави Касано за италјанските медиуми.

Во изјавата на професорот, Матео Басети од болницата во Сан Мартино, се вели дека било потребно лекување откако нивото на кислород почнало да паѓа под опасното ниво. Инаку, поранешниот фудбалер примил две дози вакцина против вирусот Ковид-19, но не и бустер т.е. трета доза.

Тестовите покажале првични знаци на пневмонија, па му бил даден антивирусен лек Ремдесивир, а последните три дена тој бил сместен во болница.

Неговата состојба се подобрува, а поранешниот фудбалер утре треба да биде пуштен од болница, а закрепнувањето ќе продолжи дома во домашни услови.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!