Вие имате прво да ја знаете вистината

Прецизно ја погоди поставената мета, Северна Кореја потврди дека извршиле успешно лансирање на нова хиперсонична ракета!

Северна Кореја денес и официјално потврди дека ден претходно извршиле пробно лансирање на „хиперсонични“ ракети, за што претходно било објавено од властите во Сеул.

Откако успешно се спроведе лансирањето, ракетата направи странично движење од 120 километри до целта и прецизно ја погоди поставената цел на 700 километри, објави севернокорејската државна агенција КЦНА, а пренесуваат јужнокорејските медиуми.

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун наводно според информациите не бил присутен на лансирањето. Претходно денес, јужнокорејската армија објави дека Пјонгјанг истрелал нешто што личело на балистичка ракета кон Источното Море од северната провинција Јаганг.

Се претпоставува дека проектилот бил истрелан од внатрешноста на територијата на Северна Кореја, преку источниот брег, во морето, соопшти началникот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Северна Кореја во септември потврди дека успешно ја тестирала новата хиперсонична ракета Хвасонг 8, а државните медиуми тогаш објавија дека оваа ракета е едно од петте најважни нови оружја чиј развој е предвиден во новиот петгодишен воен план.

Соединетите Американски Држави го осудија лансирањето на балистичка ракета од Северна Кореја, а во изјавата на портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс се вели дека Пјонгјанг прекршил неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН во, како што го нарече овој заканувачки чин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!