Вие имате прво да ја знаете вистината

Румен Радев: Бугарија е најголемиот поддржувач за европската интеграција на братска Република Северна Македонија!

Бугарија е најголемиот поддржувач на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и особено на братска Република Северна Македонија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев.

Радев додава дека тоа ќе зависи од индивидуалниот напредок и исполнувањето на копенхашките критериуми за членство од страна на сите земји кандидати.

Радев изјави дека верува оти сите ветувања и заложби на Република Северна Македонија за спроведување на билатералниот договор ќе бидат исполнети со цел да се забрза процесот на нејзината европска интеграција.

Сепак, Радев, паралелно со тоа, изрази очекување дека ќе се решат сите отворени прашања, како што се гарантирањето на уставните гаранции за правата на македонските Бугари, откажувањето од говорот на омраза, завршувањето на процесите на дебугаризација, на фалсификувањето на нашето милениумско културно-историско наследство што ќе помогнат и ќе го забрзаат процесот за да можеме да ја отвориме вратата за преговори за членство на земјата

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!