Вие имате прво да ја знаете вистината

Франција од ден на ден руши рекорди на ново-заразени пациенти со Ковид-19, бројката надмина над 330.000 лица! Болниците речиси преполнети

Франција објави неверојатни 332.252 случаи на инфекција со вирусот Ковид-19 за време од 24 часа, соборувајќи голем број неодамнешни рекорди, додека болниците воведоа драстични мерки за да се подготват на зголемувањето на бројот на пациенти.

Француската влада прави се за да избегне нова блокада и нови ограничувања поради лошата состојба. Со најголем број потврдени случаи во еден ден во Европа, Франција се соочува со зголемување на бројот на позитивни за пазиенти со видот омикрон.

Франција е земјата која има еден од најголемите проценти на вакцинирани граѓани во светот, па владата се надева дека сеопфатните инфекции нема да ги погодат болниците толку лошо како на почетокот на пандемијата.

Неделниот просек на заразени со вирусот во Франција е двојно зголемен во последните десет дена.

Бројот на пациенти со вирусот Ковид-19 во болниците се зголемува веќе два месеци, а повеќе од 72 отсто од креветите во одделенијата за интензивна нега сега се зафатени од лица со позитивни на вирусот.

По тридневна жестока дебата, пратениците во францускиот парламент рано утринава усвоија предлог-закон за построга верзија на сертификатот за вакцинација против Ковид-19.

Предлог-законот беше изгласан утрово околу 5:30 часот со 214 гласа „за“, 93 „против“ и 27 „воздржани“. Документот сега оди во Сенатот, кој ќе го разгледа следната недела.

Администрацијата на претседателот, Емануел Макрон сака новите мерки да стапат на сила на 15 јануари, но нивната примена најверојатно ќе биде одложена поради продолжената дебата во парламентот.

Според предлог-законот, сите постари од 12 години ќе треба да го покажат својот статус на вакцинација за да влезат во ресторани, кафулиња, културни објекти или да користат меѓурегионален јавен превоз.

Негативниот тест за Ковид-19 повеќе нема да биде доволен, освен пристап до здравствени установи и услуги.

Предлог-законот беше усвоен откако Макрон предизвика бурни реакции велејќи дека неговата стратегија против вирусот сака да ги вознемири невакцинираните луѓе и да ги принуди да се имунизираат преку зголемени ограничувања. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!